Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Државата од становите на Мијалков во Охрид и едно земјиште ќари 244 илјади евра

На сметката на Агенцијата за управување со одземен имот легнаа 244 илјади евра од продажбата на два стана и едно земјиште кои му беа одземени на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Овој имот е дел од спогодбата која ја направи Мијалков со обвинителството во предметот за перење пари, „Империја“. Му беше одземен имот во вредност од 30 милиони евра.

Двата стана кои се продадени се сместени во елитниот комплекс на една од плажите Горица во Охрид. Земјиштето е од неколку стотина кавдрати. Кој е купецот на имотот од агенцијата не може да откријат, се додека името и презимето на новиот сопственик не биде впишано во имотниот лист.

„Ниту сум информиран за име и презиме. Само знам многу имало заинтересирани купувачи кои, секако, имаат право по закон. Целата јавност која ги исполнува условите било физичко или правно лице да си конкурира и да си го купи било кој имот, не само на господинот Сашо Мијхалков кој е конфискуван од страна на државата“, вели Дритон Небиу од Агенцијата за управување со одземен имот.

Становите еден од 65 метри квадратни и другиот од 114 метри квадратни вкупно беа проценети од Бирото за судски вештачења на сумата за која се и продадени.

„Ние не можеме да кажеме дали сме задоволни или не сме задоволни, заради тоа што цената ја одредува Бирото за за судско вештачење“, смета Небиу.

Кога ќе има наредно надавање за преостанатиот имот на Мијалов зависи од Владата која треба да и даде согласност на Агенцијата.

„Веќе е пратено до Влада го чекаме нивниот одговор. Значи за многу имоти станува збор. Не е само господинот Сашо Мијалков има и други имоти кои се веќе со пресуда во имот на Агенција за управување со одземен имот“, додава Небиу.

Парите од продажбата од сметката на агенцијата ќе бидат префрлени во Буџетот на државата.

Во случајот „Империја“, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинителството, а казната беше три години затвор и одземање на имот, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот „Мериот“.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе