Вести Култура

Францускиот актер Матје Касовиц главен лик во серијата „Биро“ не ево животна опасност по падот од мотор

Францускиот актер Матје Касовиц, не е во животна опасност по сообраќајната несреќа со мотор во неделата, изјавија за Франс прес во понеделникот негови блиски луѓе.

Касовиц беше опериран поради повреди на глуждот, ногата и карлицата.

„Операциите поминаа добро“, рече неговиот татко Петер Касовиц. „Матје ќе започне нормален процес на заздравување, одмор и враќање на кондицијата“.

Обвинителите во неделата изјавија дека Касовиц бил повреден додека учествувал на курс за обука за мотори во регионот Есон јужно од Париз.

Тој не учествувал во судир со друго возило, додаваат, туку излетал од седлото и силно паднал на земја. Касовиц носел кацига во моментот на несреќата и не се здобил со повреди на главата.

Истрага за причините за несреќата е започната од локалното обвинителство и полицијата.

Актерот беше еден од водечките ликови во хит шпионската серија „Биро“, каде го глумеше тајниот агент Малотру. Во француската кинематографија се појави за првпат во 1995 година со неговото режисерско деби „La Haine“ („Омраза“).

Наречен „Касо“, Касовиц оттогаш се појавува во десетици филмови.

Неговиот најнов филм „Визии“ од среда ќе се прикажува во француските кина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

„Сајанс“: Депониите во САД создаваат многу повеќе загадување на атмосферата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе