Вести Македонија Топ вести

Телма дознава: Косовскиот суд го ослободи Алил Демири- доживотниот осуденик за масакрот и 5-те убиени кај Смилковско Езеро

Телма дознава дека судот во Приштина го ослободил Алил Демири. Демири е осуден на доживотен затвор за случајот Смилковско Езеро од април 2012-та кога беа убиени 5 луѓе.  Адвокат на Демири и претставници на надлежните органи во Скопје потврдија дека бил ослободен.

Веста ја објавија и повеќе косовски медиуми. Неговиот адвокат од Косово Бесник Бериша за веб медиумот sinjali.com изјавил дека обвинителот се повлекол и дека екстрадицијата веќе еднаш била отфрлена.

„По приложените докази од одбраната и појасните аргументи дадени на рочиштето на кое беше адресирано барањето на Обвинителството за определување мерка притвор, обвинителот кој го застапуваше предлогот се повлече од барањето“, изјавил адвокатот Бериша за sinjali.com каде беше објавена и фотографија од осудениот на доживотен затвор за 5-кратното убиство.

Демири повеќе од 11 години е во бегство, а вчера беше уапсен по меѓународна потерница издадена од Македонија, како што соопшти МВР во координација на македонската и косовската полиција.

По Демири се уште важечка е екстрадицијата која е побарана во 2018-та година. Претходно Демири исто така беше уапсен во Косово и одлежа затворска казна за недозволено носење на оружје, но барањето за екстрадиција беше отфрлено.

За случајот имаше и второ судење, а Алил Демири, во скопскиот кривичен суд беше повторно осуден за тероризам, за 5-кратната ликвидација кај Смилковско Езеро и повторно доби доживотен затвор. Во бегство е ивториот осуден на доживотен затвор Африм Исмаиловиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шолц изрази загриженост за политичката ситуација во Франција

Дејан Дејан

Лабуристите пред рекордна победа на изборите во Британија

Дејан Дејан

Лајчак: Нема резулати од средбата меѓу преговарачите на Србија и на Косово во Брисел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе