Uncategorized Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е дефакторизиран, негови пратеници не гласаа, избори се решение

Ковачевски е дефакторизиран, никој не го прашува за ништо, негови пратеници не гласаа, избори се решение, гласи реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по најавите на премиерот дека истиот ден кога ќе бидат изгласани уставните измени, ќе поднесат оставки и ќе има избори. 

„Ковачевски не може да избега од фактот што во Собранието имаше 70, а не 73 пратеника колку што тврди дека поддржуваат уставни измени. Ковачевски и СДС ја донесоа Македонија во ќорсокак. Прифатија услови против кои се 80% од граѓаните. Политиките на Ковачевски не соодветствуваат со ставот на мнозинството Македонци. И самиот Ковачевски знае дека уставни измени нема да има, се што прави е ден повеќе да ја задржи својата позиција. Не му се важни ниту граѓаните, ниту државата. Но треба да е свесен додека тој себично размислува за себе и за кликата околу себе, Македонија тоне. Единствен излез од оваа криза се само избори“, се вели во реакцијата на опозициската партија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе