Култура

Премиера на „ М“ на Вардан Тозија на отворањето на фестивалот Cinedays

Со македонска премиера на филмот „ М“, во режија на Вардан Тозија, вечерва во 21 часот , во паркот зад Младинскиот културен центар започнува 22 издание на Фестивалот на европски филм Cinedays.  Поради големиот интерес кај публиката, закажана е и втора проекција на филмот од 21 часот и 30 минути во киното Фросина, кое е климатизирано, велат организаторите.

Ова фестивалско издание донесува 40 филмови и 50 гости, а проекциите ќе бидат во паркот зад МКЦ, киното Фросина и во летното кино на Кинотеката на Македонија. Мото на фестивалот е „ Филмска вечер“

  • Во компактната програма ќе погледнеме наслови на Вим Вендерс, Кен Лоуч, Нани Морети, Аки Каурисмаки, Франсоа Озон, Александар Сокуров…, потоа новиот филм на Горан Столевски, а имаме и премиери на пет македонски кратки филмови , кажа Маргарита Арсова, програмска координаторка на фестивалот.

Во музичката програма ќе настапат „Културно-уметнички работници“, Педро Кастиљо и белградскиот експериментален бенд „Визељ“. А, „ Cinedays“ ќе се затвори на 18 јули со уште една македонска премиера- на филмот „ Бизнисот на задоволството“, во режија на Гоце Цветановски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“ започнува деветтото издание на КРИК

Дејан Дејан

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе