Uncategorized Вести Македонија Топ вести

90 илјади евра казна за градоначалникот на Кисела Вода за ѓубрето пред Дрисла- Ѓорѓиевски тврди градските инспекциски служби биле под жесток притисок од Арсовска

90 илјади евра казна за Кисела Вода за непрописно одлагање отпад – Градоначалникот Герасимовски тврди градските инспекциски служби биле под жесток притисок да ги казнат општините кои за време на бојкотот на комуналците сами го чистеа натрупаниот смет по улиците.

За овој небулозен потег на Арсовска, вели, разбрале од медиумите.

Од Општината се огласија со најава дека утре Ѓорѓиевски ќе се произнесе на прес конференција. „Согласно последните случувања поврзани со отпадот и денешната информација дека е пишана казна за градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во вредност од речиси 90 000 евра поради непрописно одлагање на наталожениот отпад собран од улиците во општина Кисела Вода, утре, среда, 12.07.2023 год., со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес конференција“, стои во соопштението од општината.

Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски во неделата го истурија сметот собран од нивните општини пред портите на „Дрисла“, но засега нема информации дали е казнет и Муцунски.

Ѓубрето од скопските општини Аеродром и Кисела Вода во неделата беше собрано со помош на механизација од други претпријатија, по што беше однесено кон депонијата „Дрисла“. Градоначалниците Тимчо Муцунски и Орце Ѓорѓиевски најпрвин се обидуваа да го убедат раководството на „Дрисла“ да го земе ѓубрето од скопските општини, но тоа не се случи. Ѓорѓиевски и Муцунски кажаа дека мора да го истурат ѓубрето пред „Дрисла“ затоа што немаат друга опција. „Бидејќи немаме друга опција, а чекаме повеќе од час и половина, нашите вработени ќе го остават ѓубрето пред „Дрисла“, беше образложението на Ѓорѓиевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе