Спорт Фудбал

Челзи ја зголеми цената за Лукаку

Ромалу Лукаку има се помали шанси летово да ја реализира желбата да замине од Челзи. Само неколку дена по одбивањето на првата понуда од Интер, клубот од Стемфорд бриџ ја соопшти сумата која ја бара за предвремен раскин на договорот.

Според последните информации Челзи е подготвен да ја прекине соработката со репрезентативецот на Белгија за 44,5 милиони евра.

Во првата рунда од преговорите, Интер понуди 20 милиони евра што беше веднаш одбиено, а сега веќе конкретната сума што се бара е далеку од можностите на италијанскиот прволигаш.

Според медиумите во Италија, Интер бил подготвен понудата да ја зголеми и да плати 30 милиони, но очигледно е дека клубот од Џузепе Меаца се уште е далеку од реализација на трансферот.

Новиот менаџер Маурисио Почетино веќе неколку пати најави дека би сакал да го задржи Лукаку како прв избор во напаѓачката линија за следната сезона, а се чини дека со висината на обештетувањето Челзи по секоја цена сака да го задржи во своите редови.

Битката на Лукаку ќе продолжи и во следите денови, Белгиецот по секоја цена сака да го напушти Стемфорд бриџ и не го интересираат плановите на Почетино.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Воска Спорт ја отпиша Македонија ЃП од трката за опстанок во ПМФЛ

Desk

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе