Најважни Спорт Фудбал

Дебакл на „Олд Трафорд“: Македонија го запиша најубедливиот пораз во историјата

Македонската фудбалска репрезентација го доживеа најголемиот пораз во својата историја откако вечерва загуби со 7-0 на гостувањето кај Англија во рамки на групата Ц од квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Тимот целосно потфрли на тешкото гостување на „Олд Трафорд“, бидејќи освен што седум пати ја вадевме топката од мрежата, немавме ниту еден обид да го загрозиме голот на Англичаните.

Оние игри против Германија и Италија, па и пласманот на Европското првенство сега изгледаат како далечно минато, бидејќи македонската фудбалска репрезентација вечерва делуваше на аматерски тим.

На „Гордиот Албион“ му требаше 29.минути да ја пробие нашата одбрана и тоа преку Хери Кејн. Потоа Букајо Сака зголеми на 2-0 со топовски удар под пречката, а пред полувремето Маркус Рашфорд зголеми на 3-0.

Сака комплетираше хет-трик на стартот на вториот дел со головите во 47-та и 51-та минута. На 6-0 зголеми Калвин Филипс, а точка на натпреварот стави Кејн со гол од пенал во 73-тата минута.

По три натпревари, Македонија има една победа против Малта и два порази од Украина и Англија. „Гордиот албион“ има максимални 12 бодови во групата Ц.

Следниот натпревар на нашата репрезентација е со Италија во Скопје на 9.септември годинава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поскапува регистрацијата на возилата, се зголемува цената на задолжителната осигурителна полиса

Дејан Дејан

Поплавени простории на третиот кат, вода се слеала до подрумот – пукнала цевка од парното на Токсикологија

Дејан Дејан

Поскапува задолжителната осигурителна полиса – нови цени за регистрација на возила

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе