win-win Вести

Вин-Вин: Има ли излез од конфликтот во Советот на Град Скопје?

Нашите очекувања и ветувањата кои што ни беа дадени и на нас и на граѓаните, не се реализираат. Ние сме сериозна партија, ветивме дека ќе бидеме различни. Во Скопје тоа не можеме да го реализираме од причина што личноста која е градоначалник, која ја доби поддршката, не ја реализира програмата и многу очигледно е дека ќе речеме: да, до тука ја дадовме поддршката, но не сакаме да бидеме соучесници во она што го прави, изјави во вечерашниот Вин-Вин, Марија Андоновска, советничка во градот Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Љубица Јанчева од СДСМ изјави дека програмите треба да се реализираат и програмата која градоначалничката ја ветила.

„Во моментов се уште го немаме видено првиот квартален извештај за тековната година. Се надевам дека на следната седница, тој ќе биде. Тука веќе ќе имаме јасна слика, каква е и дали воопшто има реализација. Понатаму имаме други механизми како тоа да го направиме“ – вели Јанчева.

„Навистина е критична состојбата и во советот се случуваат некои работи кои се апсурдни. Ќе дадам еден пример. Три или четири пати има донација од владата за 100 компјутери во библиотеката „Браќа Миладиновци“ која не се гласа. Требаат 23 гласа и дојде и директорката да објасни. Веројатно некому не му се свиѓа директорката, меѓутоа тоа е донација која Советот ја примил. Се наоѓа во градот и четири месеци не се префрла.Сакам да влезам во мозокот на тие што..тие не гласаат против, едноставно не гласаат. Дома да ги однесете, било кому да му ги дадете ќе има поголема корист“ изјави д-р Никола Пановски, советник од коалицијата „Движење одлучно за промени“.

Замислете сега и други работи за кои нема објаснување зошто не се гласаат. Нема дискусија, вие сменете го ова, па ќе гласаме.

Во случајот, апсурдот е дека и градоначалникот никој не може да го смени. Тоа е исто како и сега во Собранието, коалицијата го изгуби мнозинството и да се оди на избори а владата да остане иста. Е тоа е апсурдот што ние го имаме и сме во пат позиција, вели Пановски.

Се знае кој ја предложил градоначалничката и ВМРО-ДПМНЕ е таа што треба да најде, по секоја цена, со неа заеднички јазик. Како што на времето најдоа со господинот Трифун Костовски. Знам дека не се исти личностите, меѓутоа иста работа имаше. Се истера мандатот. Интересот на граѓаните е најважен, додава Пановски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе