Спорт Фудбал

Трансферот на Ковачиќ приоритет за Тухел

Новиот тренер на Баерн, Томас Тухел веќе ги почна подготовките за активностите во текот на следниот летен преоден рок.

Како еден од приоритетите за Баварците се поставува комплетирањето на трансферот на Матео Ковачиќ, кој во моментов го носи дресот на Челзи.

Според пишувањето на медиумите во Германија, Тухел инсистирал на засилување на средниот ред, а изборот е токму хрватскиот репрезентативец со кој предводникот на Баварците имаше одлична соработката во времето кога седеше на клупата на Челзи.

Тухел и Ковачиќ соработуваа на Стемфорд бриџ во периодот кога Челзи успеа да триумфира во Лигата на шампионите во 2021 година.

Олеснителна околност за Хрватот е и фактот што тој добро го говори германскиот јазик бидејќи тој е роден во Австрија, а првите фудбалски чекори ги направи во ЛАСК пред да се пресели во загрепски Динамо.

Дваесет и осум годишниот Ковачиќ со Челзи има договор до 2024 година, а откупната клаузула изнесува 56 милиони евра, но се чини дека сумата може драстично да се намали бидејќи се шпекулира дека се наоѓа на листата на прекубројни во екипата.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе