Спорт Фудбал

Доставени последните понуди за купување на Манчестер Јунајтед

Катарскиот шеик Јасим бин Хамад Ал Тани и британскиот милијардер Џим Ретклиф ги доставија понудите за купување на Манчестер Јунајтед.

Шеикот Ал Тани и натаму останува на ставот дека е подготвен да ги купи сите акции на клубот и тоа по цена од пет милијарди фунти додека Ретклиф е подготвен да откупи преку 50 одсто и да биде доминантен сопственик, а на браќата Џоел и Аврам Глејзер кои се противат на продавањето на клубот да им остави 20 проценти од сопственичката структура.

Во планот на шеикот е да инвестира дополнителна сума на пари во клупската инфраструктура и да направи финансиска конструкција за буџет за купување на нови фудбалери со кои ќе ја засили екипата со амбиција да доминира во Премиер лигата.

Според пишувањето на медиумите во Велика Британија, навивачите се против планот на Ретклиф кој во раководната структура на клубот ќе го задржи семејството Глезер бидејќи тие веќе не сакаат никој член од досегашните сопственици да остане на Олд Трафорд.

Во семејството има поделба околу следните потези бидејќи Џоел и Аврам не сакаат да го продадат клубот додека браќата и сестрите Кевин, Брајан Едвард и Дарси отворено се залагаат за повлекување од Манчестер Јунајтед.

Семејството Глејзер е едногласно во еден став, а тоа е дека клубот може да се продаде за сума од шест милијарди фунти.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе