Златан Ибрахимовиќ веројатно ќе стави крај на играчката кариера по завршувањето на оваа сезона во која настапи само четири пати и постигна еден гол. На 41 година тој постојано се повредува па веројатно време е за пензија.
Челниците на Милан веќе одредено време бараат нови напаѓачи, бидејќи освен Ибрахимовиќ летово клубот ќе го напуштат и Дивок Ориги и Анте Ребиќ, кои целосно разочараа со своите настапи.
Според италијанските медиуми, Паоло Малдини успеал да го договори трансферот на Марко Арнаутовиќ од Болоња во Милан за само пет милиони евра обештетување. Австрискиот репрезентативец се согласил да биде втор избор во нападот зад Оливие Жиру.
Арнаутовиќ сезонава има осум голови на 16 натпревари. Веќе еднаш во кариерата играше на „Сан Сиро“, но во дресот на Интер пред 14 години. Настапуваше и за Твенте, Вердер Бремен, Стоук, Вест Хем, а една сезона мина и во Кина.
