Вести Македонија Најважни

Свеченост за Коридор 8 – автопат за кој нема проект и единствено е нацртан на маичката на Груби

Со свечени говори и церемонија, многу гости и без одговори на сите дилеми, се удри камен темелник на коридорот 8. Целата влада, актуелни и поранешни политичари, пратеници дојдоа на наплатнaта станица на патниот правец Тетово – Гостивар за да ја отворат таблата со слика од бројот 8. Меѓу првите кои пристигнаа беше вицепремиерот Груби кој носеше маица со Коридорот 8. Дојдоа гости и медиуми од Алабанија и Косово. Прв се обрати премиерот Ковачевски, потоа и Груби.

Вицепремиерот Груби, пак, за овој историски проект, посебно му се заблагодари на својот лидер Ахмети.

Како и претходно кога се потпишуваше договорот за изградбата на коридорите 8 и 10Д со „Бехтал&Енка“ ниту сега, немаше простор за новинарски прашања.

Целата влада дојде и се сликаше, но проблемите со спорните фирми кои треба да го вршат надзор на овој за владата историски проект сè уште висат. По низата објави на новинарските истражувања за големите пропусти за надзорот и консултациите за овие два коридора, Обвинителство се реши и отвори предмет по допрен глас за сите спорни компании. Во надзорот има фирма на бегалец од законот, со поранешна забрана за учество во вакви проекти, но и компанијата која пред овој автопат се занимавала со производство на долна облека.

Манифестацијата заврши со групна фотографија. За свеченоста задолжена беше фирмата „Арберија“, од која претходно се чекаше да ги испечати свидетелствата за учениците, а ангажирана беше и за прославата на Рамковен. Колку чини бината и целата манифестација на која доминираше  вицепремиерот Груби и ДУИ, иако побаравме одговори од Владата веќе два дена нема.

Камен темелник се удри, но проект за изградба нема. Домашните фирми, пак, и по еден месец го немаат добиено договорот за да видат како може и македонски компании и работници да учествуваат. Двата коридора чинат 1,3 милијарди евра, а ќе бидат потребни и најмалку 300 милиони евра за експропријација. Следната недела ќе се поставува камен темелник и на 10Д, односно на патниот правец Прилеп – Битола.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир: Првиот круг од изборите мина во, генерално, мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

Европска недела на имунизација- Слушајте ги научниците, не дезинформациите

Дејан Дејан

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе