Вести Македонија Топ вести

Ми нудеа функција да се откажам од „Софтвери“ – Рашковски најави тужба против Русковска

Двајца обесправени, две вистини и многу обвинувања. Судскиот предмет „Софтвери“ сè уште го бранува правосудството. Обвинителката Вилма Русковска во гостување во „Топ тема“ обзнани дека добила непристојна понуда да ја запре истрагата против Драги Рашковски. Одбила да му биде заменичка на државниот обвинител Љубомир Јовевски и во дисциплинска постапка доби разрешување, затоа што сторила тешка повреда, постапувајќи непрофесионално. Таа ќе се жали, но обвини дека со нејзиното разрешување е направен преседан против еден обвинител.

Драги Рашковски ќе ја тужи Русковска, иако таа не откри кој ѝ нудел функции за неговата слобода.

„АПСУРД 2 – Велите „Можеби тоа беше причината”, алудирајќи на тоа дека позициите за Вас и за внукот кои Ви биле понудени биле за да се откажете од истрагата за случајот “Софтвери”. На која Вилма треба да и веруваме, на онаа која вели дека некој и пристапил со конкретен предлог или на онаа која после 2 минути кажува дека МОЖЕБИ тоа била причината“, напиша Рашковски.

Русковска, која се соочува со разрешување од обвинителската позиција, а нејзината најблиска соработничка во ова обвинителство, Ивана Трајчева со казна, кратење на платата вели дека проблемот во правосудството не е само во системот, туку и кај поединци.

Русковска не зборува со Јовевски, додека Муареми, ексдиректорот на финансиската полиција кога му направила претрес набрзина свртел на телефонот на Јовевски. Работата на Русковска нема кој да ја продолжи, бидејќи колеги се плашат од репресии. Таа во интервјуто во „Топ тема“ вели дека, сепак, останале отворени предистраги за кои веќе имало набавено многу докази.

Една од нив е за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ за автобусот на „Беса транс“, во кој во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани. Според Русковска, комисијата во МВР уште во јули донела решение станицата за технички преглед „Виа Комерц“ да биде затворена, но министерот не го потпишал тоа решение, односно го потпишал три дена по сообраќајката.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе