Вести Култура

Кенди Далфер: Животот е тежок и ни треба уметноста за да си олесниме и да имаме сила за наредниот ден

ФОТО: Nikki Born Visuals и Carin Verbruggen Photography

Животот е тежок и ни треба уметноста за да си олесниме и да имаме сила за наредниот ден, вели во интервју за Телма холандската џез и поп саксофонистка Кенди Далфер, која ќе настапи во Филхармонија на 8 април и 9 април, придружувана од својот деветчлен бенд. Уметноста е онаа која ни дава моќ да се бориме до крај, вели Далфер во чија музичка дејност се вбројуваат соработките со Ван Морисон, Пинк Флојд, Дејв Стујарт, Принц, Мадона, Арета Френклин и многу други.

Живееме во навистина сложени времиња, економска криза, период по пандемијата сепак верувам и Вие ќе се сложите дека музиката, уметноста воопшто, е онаа која го прави овој свет подобро место за живеење.   

Сметам дека е многу важно и секогаш било важно. Има причина, зошто музиката е во светот, тука е уште од античките времиња, на луѓето им треба да се ослободат,  удобност, потребна им е порака понекогаш, потреба да се забавуваат, тоа звучи несериозно, но забавата е толку важна во животот. Тоа е моментот кога ќе завршите со работа, кога ќе ги тргнете проблемите и некој друг ќе се погрижи за вашиот ум и срце, давајќи ви нешто убаво. Тоа ни е потребно. Дури и јас како уметник не бев доволно свесна колку е важна уметноста. Понекогаш некои групи во светот се обидуваат тоа да ни го одземат, затоа што уметноста може да биде и „опасна“, ни дава право на глас, инспирација, моќ да се бориме. Особено за време на Ковид пандемијата, дури и во мојата земја во Холандија забележав дека некои луѓе се обидоа да не тргнат на страна и да не ни помогнат тогаш. Никој од музичкиот бизнис во Холандија не беше платен. Беше многу лошо. Има некое чувство во светот сега , кое се обидува да се рашири, но нема да го дозволиме тоа, дека уметноста е несериозна или за повисоките класи. Тоа е глупост, затоа што, на сите ни треба ова, од најбогатите до најсиромашните луѓе.  Потребна ни е уметноста и тоа не мора да биде „висока“ уметност, ни треба некој да ни пее на крајот на денот или да свири на инструмент покрај оган на пример. За да се чувствуваме подобро, затоа што животот е тежок и ни треба уметноста за да си олесниме и да имаме сила за наредниот ден.

 

Во едно интервју рековте дека Вашата музичка дејност може да се подели на пред и по „Lily was here“ и соработката со Дејв Стујарт …

Дејв Стујарт е неверојатен човек. Еден од најљубезните, човек со големо срце во шоу бизнисот.  И него го запознав многу млада, на иста возраст кога го запознав и Принц, еден вид коинциденција, во исто време. Тој секогаш ми помагаше, ми ја даде неверојатната песна која беше број 1 која ја лансираше мојата кариера. Но во исто време секогаш ме заштитуваше, сакаше да сум среќна, исклучително дарежлив. Секогаш внимаваше на мене. Имаше периоди кога немаше да се видиме со години, но секогаш бевме во контакт на социјалните мрежи. Сакавме пак да соработуваме и да правиме нешто забавно. Без притисок. И сметам дека тоа е навистина реткост, особено кога станува збор за жена, затоа сметам дека сум среќна жена, се разбира дека работам напорно, самата успеав, но имав среќа дека со најголем дел од нив, се сретнав, најголем дел од мажите со кои соработував, овие неверојатни уметници, сите беа многу љубезни. Беа слатки, никогаш не ме злоупотребија и се грижеа за мојот интерес. Мислам дека тоа е реткост во музичкиот бизнис.Се сметам себеси за навистина  среќна.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитровска: Оформени се 45 предмети во врска на изборите од денот на нивно распишување

Дејан Дејан

Едниот за спас на изборите, другиот за мнозинство во Собранието – Ковачевски и Мицкоски бараат масовен одзив на изборите

Дејан Дејан

Агим Красниќи, брат му и уште двајца од кондовската група на меѓународна потерница – МВР доби известување од косовската полиција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе