Вести Македонија Најважни

Пронајдени се двете исчезнати девојчиња – нивното исчезнување сѐ уште останува мистерија

Цели два дена траеше потрагата „под дрво и под камен“, по сите паркови, улици и околината на училиштето „Лирија“. Денес околу пладне, полицијата ги пронајде малолетничките кои беа главна тема во јавноста, со апели за нивно пронаоѓање. Излезени од дома и отидени на училиште во четвртокот, за потоа да им се изгуби секоја трага. Ги бараше полицијата, роднини, членови на навивачка група – за дури денес да бидат лоцирани.

Пронајдена е со помош на граѓани, интервенирала и полицијата. Сега сме во полиција, чекаме да помине целата процедура и да ја земеме дома. Викаат дека е во добра состојба. Имам внук полицаец, вели дека е добро, но мора да пројде процедурата, ни изјави Сабит Ајро, дедото на Аниса.

Од МВР со повеќе детали го потврдија настанот. Претходно, од полицијата имаше официјално известување за 12 годишната Аниса и 15 годишната Мелиса. Втората, во повеќе наврати исчезнувала и потоа била враќа дома.

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички на подрачјето на Бит Пазар, денес во 13:30 часот на ул. „Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот. Полициски службеници од полициската станица „Бит Пазар“ ги пронајдоа малолетничките, за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле, соопштија од мвр.

И покрај денешната добра вест за нивното пронаоѓање, многу прашалници остануваат да висат над овој случај. Каде заминале, што правеле самите речиси три дена надвор, каде спиеле, што јаделе. Додека траеше потрагата по нив, камерата на Телма снимаше во дворот на училиштето од каде што им се изгуби трагата.

Мирни и повлечени девојчиња коишто се дружат со многу деца. Вработени од училиштето вака ги опишуваат исчезнатите девојчиња кои последен пат се видени овде во училишниот двор.

Претходно денес, дедото на Аниса изјави дека се следи нејзиниот телефон, кој повремено се вклучува и исклучува – а, изрази и сомнеж за нејзиното исчезнување затоа што како што вели – таа се плаши самата да оди во тоалет за да се искапе, а не пак надвор сама. За овие сомнежи, на потег се службите коишто ќе трагаат по одговорите.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе