Вести Култура Најважни

Платите на министрите ќе се зголемат за четири пати во однос на администрацијата – синдикатите од културата шести ден на протест

Шести ден протести на синдикални организации од културата при УПОЗ, а трет ден пред Владата. Синдикатите од Министерството за култура , Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм упорно се обидуваат нивниот глас за достоинствени плати кои сега се под просечната да го чујат надлежните, но за сега молк. Ни барањата за средба со министерот за финансии Бесими не вродија со плод. Револтот дополнително се зголеми по најавите дека со одлука на Уставниот суд, во услови на економска криза платите на функционерите ќе се зголемат за 78%.

  • Очигледно во државата сеуште е во сила онаа народната „ Кучината лаат- караванот си врви“. Па така веќе е извесно дека именуваните функционери ќе си добијат покажување од 78% или илустративно еден министер ќе добива плата од 1800 евра, а еден вработен во државната администрација ќе добива просечна плата од 400 евра. Платите на функционерите ќе бидат 4 пати поголеми од платите во јавниот сектор. Без дилема за овие покачувања министерот за финансии сигурно ќе обезбеди финансиски средства и без протести, изјави Бранко Костовски- претседател на Синдикалната организација при Министерството за култура

Протестите започнаа минатиот петок со барање за зголемува на платите за 30%.

  • Ако веќе за функционерите може 78%, можеме ние барем 30%. Останавме држава  со највисока инфлација, со најниски плати. Останавме држава каде што очигледно дека нашиот работодавач, Владата  и министерствата не се грижат  за вработените. Не е само нихилизам, испаѓа. хедонизам само за едни, за други не, изјави Трпе Деаноски- претседател на УПОЗ.

Иако подготвија Предлог- текст за Колективен договор со кој ќе им се зголемат платите, тој доби негативен одговор од Финансии. А, сведочат, како што кажаа на протестот дека „ на мала врата“ се зголемуваат платите во други сектори, што значи дека културата е маргинализирана.

Од Министерството за финансии деновиве повторуваат дека интенцијата е платите на вработените во јавниот сектор да се решаваат со системски одржливо решение, во рамки со определбата за фискална консолидација и реализација на програмите на институциите. Затоа веќе се работи на утврдување нова методологија, која ќе биде фискално одржлива на среден рок и нема да значи задирање во реализацијата на програмите, дополнуваат од Финансии.

Доколку не бидат примени од надлежните, од протестот порачаа дека за проблемот ќе бараат поддршка од претставниците на меѓународната заедница во земјава.

Сотир Трајков 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 48 загинати лица и 30 повредени при уривање на автопат во Кина – возач на камион спречи поголем број на жртви

Дејан Дејан

Бернар Арно на врвот, Маск на трето место – листа на милијардери на Блумберг

Дејан Дејан

Корисниците евакуирани, нема повредени – пожар во дом за стари лица во струмичко Банско

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе