Вести Култура

Петти ден протест на вработените во Министерството за култура

Со едночасовен протест пред Владата, вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм и денеска, по петти пат, ќе го искажат незадоволството од своите месечни примања и ќе го повторат барањето за зголемување на платите по примерот на Министерството за финансии.

На протестот, кој почна во петокот изминатата недела, беше побарана и средба со министерот за финансии Фатмир Бесими, но до неа не дојде по што тие решија својот револт да го изразат пред Влада.

На претходните протести учесниците испратија апел министерот за финансии да го одобри Колективниот договор за вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм, со кој сите вработени по принципот на Министерството за финансии, ќе добијат зголемена плата во износ од 30 проценти. Остануваат на ставот дека ќе бидат присутни секој ден во голем број, сè до остварување на целта – соодветна валоризација на трудот на вработените во овие институции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владика Петар: Внимавајте за кого ќе гласате за да не се случи „слепец слепи да води“

Дејан Дејан

Македонија го одбележува 5 мај – Денот на македонскиот јазик

Дејан Дејан

Митрески: Заедно и сплотени против сите предизвици и искушенија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе