Вести Култура

Бесими да го одобри Колективниот договор, побараа синдикатите на администрацијата во културата

Петти ден протест на синдикалните организации на администрацијата во културата. Учесниците испратија апел министерот за финансии да го одобри Колективниот договор за вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм, со кој сите вработени по принципот на Министерството за финансии, ќе добијат зголемена плата во износ од 30 проценти. По неуспешните обиди за средба со Бесими, тие решија својот револт да го изразат пред Влада.

„Епилогот од досегашните протести е отсуството на дијалог со министерот за финансии кој не наоѓа време да ги слушне нашите барања и затоа јавно сакаме да го потсетиме на неговата мисија како министер за финансии експлицитно изразена на веб локацијата на министерството која вели дека Министерството за финансии преку успешно управување со јавните финансии треба да го подобри квалитетот на живеење на граѓаните на државата. Доколку некој заборавил ова треба да се однесува на сите граѓани на државата, а не само на своите вработени“, изјави Бранко Костовски, претседател на Синдикалната организација при Министерството за култура.

„Не бараме ништо повеќе од она што го заслужуваме во Министерството за култура се сервисира работата на 68 национални установи од областа на културата 49 локални установи. На годишно ниво во рамките на конкурсите пристигаат повеќе од 5.000 апликации, барем половина од нив се поддржани. Ние склучуваме договори со корисниците, ги следиме. Значи обемот на работа е огромен“, изјава Ирина Димовска, член на извршниот одбор при синдикалната организација на Министерство на култура.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигден-Христос Воскресе, Навистина Воскресе

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе