Вести Култура

Коле Ангеловски: Димче Мешковски го паметам само по убави нешта

Долг аплауз за Димче Мешковски во Драмски театар на комеморацијата по повод неговото заминување од сцената наречена живот. Аплауз за ликот на Тасе од претставата и филмот „Викенд на мртовци“, во режија на Коле Ангеловски, за кој доби награда за актерска креација на фестивалот „Војдан Чернодрински“ и за останатите над 100 улоги, одиграни над 6000 пати,  со кои се издигна меѓу брендовите на Драмски , за кои се бараше билет повеќе. Во обраќањето пред присутните Ангеловски кажа дека во безмалку четиридецениското дружење и соработка со Мешковсковски на различни театарски, телевииски и други проекти, повеќе време поминал со него, отколку со семејството.

Јас за Мешко секогаш кога се сеќавам, се сеќавам само на убави работи , само на весели работи. На една прекрасна соработка што сме ја имале и една прекрасна дружба. Јас се надевам дека сега горе со брат ми Дади, Со Мичо Егеецот и со Мац седат и играат брич, рече режисерот ангеловски.

Улогите со комедиите „Болва во уво“,  „Сомнително лице“, „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“, се само дел од комедиите кои го направија Мешковски бесмртен. Но, незаборавни се и неговите рољи во претставите „Смртта на Дантон“, „Балконот“, „Вишновата градина“, „Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Зојкиниот стан“, „Калигула“, „Ревизор“ и „Диво Месо“, во кои Димче Мешковски покажа особен усет за жанрот драма.

Актерите не умираат зашто по нив остануваат ликовите, шегите и анегдотите за паметење, кажа неговиот колега Драган Спасов со кој имале однос како татко и син. А, заминувањето на Мешковски во Лос Анџелес, кај ќерката Јасна, каде почина по долго боледување на 77 години, Спасов ја поврза со неговиот ведар и енергичен дух.

Мислам дека тоа прилега на твојот немирен дух. И не знам зошто велат да се почива во мир. Јас мислам дека и таму треба да се продолжи со истото темпо, онака како што човекот живеел на земјата. Каков мир ти се молам, ти не беше мирен човек, рече дац.

Пораката од името на ќерките на Мешковски – Наташа и Јасна, ја прочита в.д. директорката на Драмски.

Како современ и либерален човек Димче не воспитуваше во духот на космополитизмот и истовремено не учеше како да се сака и почитува својот народ  и сопствената земја. Тој не подржуваше буквално во сѐ. Како најголема потпора , наш грп, столб, ни дозволуваше да летаме секој по својот пат, рече Маја Вељковиќ- Пановска.

По негова желба, Димче Мешковски ќе биде кремиран, а урната со останките ќе биде донесена во Македонија од неговата сакана сопруга Марица.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе