Спорт Фудбал

Милевски: Ќе има измени, но целта останува иста, победа во добар натпревар

По победата над Малта во првиот натпревар од новиот циклус квалификации за Европското првенство, фудбалската репрезентација утре ќе одигра контролен дуел со селекцијата на Фарските Острови.

Селекторот Благоја Милевски има проблеми со составувањето на тимот и не може да смета неколку стандардни членови на стартната постава, а со оглед на фактот дека овој натпревар е контролен тоа е добра можност да се провери формата на некои фудбалери кои може да се наметната за место меѓу почетните 11.

“Ќе има одредени промени, ќе добијат шанса дел од останатите фудбалери, но фокусот и целта секако остануваат исти, целта е победа на Македонија и добра игра. Верувам дека фудбалерите ќе одговорат на предизвикот иако се чувствува и замор. сите што се присутни во репрезентацијата ќе бидат во комбинација за утрешниот натпревар. Ќе се обидеме да дадеме минутажа на оние кои помалку ја имаат и со тоа да имаме една слика на кого можеме да сметаме во иднина. Зајков поради повреда како и Муслиу кој доби поштеда да се врати во германски Инголштад нема да бидат дел од овој меч сите други се во комбинација”, рече селекторот Милевски.

И на овој натпревар нашата селекција има улога на фаворит, но како и секогаш Милевски не го потценува противникот и потенцира дека само со максимално залагање на теренот може да се дојде до победа.

“Што се однесува до Фарски Острови, покажаа многу трка на нивниот последен меч со Молдавија, а имаат само еден пораз на последните осум натпревари. Одамна нема веќе во фудбалот фаворити и аутсајдери, но ние секако сме максимално фокусирани на нашето издание”, истакна предводникот на националниот тим.

Натпреварот се игра утре на арената Тодор Проески, а почетокот е закажан за 18 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе