Спорт Фудбал

Елмас: Влегуваме максимално мотивирани и очекувам победа

Елиф Елмас беше стрелец на еден од двата гола на дуелот против Малта на стартот од квалификациите за Европското првенство.

Од нашиот репрезентативец се очекува повторно да биде еден од лидерите во тимот, кој е фаворит во ова соочување со селекцијата на Фарските Острови.

“Секогаш сме максимално мотивирани кога играме за Македонија, така ќе биде и на утрешниот натпревар. Се надеваме на нов позитивен резултат, иако Фарски Острови се селекција со сериозен напредок која секако не треба да ја потцениме”, истакна Елмас.

Натпреварот против Малта веќе е минато, целта е исполнета и освоени се посакуваните три бода. Сега фокусот на тимот е претстојниот дуел и нова победа на репрезентацијата на Македонија.

“Против Малта ни беше најважно да тргнеме со три бода и тоа го остваривме. Утре нѐ чека предизвик во кој ќе го дадеме максимумот, зашто знаеме дека Фарски острови имаат добра низа на резултати. Но, ќе излеземе на терен да го спроведеме тоа што ќе се договориме и тоа што ќе го бара селекторот од нас”, заврши Елмас.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе