Вести Македонија Топ вести

Урми наместо Ајфон – подарокот од Јордан бил тропско овошје

Министерот Бујар Османи го изел подарокот од Јордан. Не добил драгоцен мобилен телефон, излеан од злато и накитен со дијаманти, туку пакетче со овошје. Откако ги негираше наводите на медиумите дека се закитил со позлатен Ајфон, тој денеска одговори дека од посетата од Јордан во октомрви се вратил со плодови од тропско овошје.

„Проверив, од МНР на Јордан на подарок сме добиле урми (овошје)“, ни врати министерот Бујар Османи на прашањето за златниот Ајфон 14-ка.

Мобилниот за кој пишуваше информативниот протал а1он.мк го нема на виделина, ниту, пак, посотојат траги дали уредот од Јордан влегол во Македонија. Османи, во официјална комуникација со медиумите рече дека не добил Ајфон, ниту, пак, други драгоцени предмети биел споделени при посетата. Но, што навистина Османи донел од Јордан и како го пријавил јорданскиот подарок  од понеделник ќе проверува државната комисија за спречување корупција. Именуваните функционери имаат обврска според законот да го пријават секој подарок. Упатството јасно укажува дека примањето подароци е спротивно од интегритетот на функционерот и угледот на државата. А, според законот на антикорупционерите постои и законска обврска подароците да се пријавуваат во антикорупциска. Таков документ не е пристигнат од МНР.

„Тој е должен да го пријави во својата институцијата секој подарок. Потоа органот треба до ДКСК да достави евиденција според член 58 од нашиот закон. Доколку не го пријавил подарокот, за жал, тука станува збор за интегритетот на функционерот. Ние не би можеле да постапуваме. Но, би можеле да постапиле доколку има пријава во која ќе се спомене подарокот и тоа дека е од поголема вредност,“ рече за Телма, Софка Пејовска- Дојчиновска, член на ДКСК.

Ајфонот за кој пишува јавноста е наводно позлатен со дијаманти и достигнува цена од неколку илјади евра. Законот, пак, за надворешни работи, поточно членот 73 пропишува дека дипломатски службеник „не треба да прима подароци и други материјални средства, освен вообичаените лични подароци од мала вредност во согласност со прописот.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе