Култура

Иницијативата на ЗЏМ се оствари, ќе се формира „Оркестар за џез музика“

Владата на вчерашната седница донесе одлука за основање национална установа „Оркестар за џез музика во Република Северна Македонија“ , во Скопје, чија основна дејност е подготвување и јавно изведување на високо квалитетни музички дела од областа на џезот и сите сродни жанрови кои гравитираат или се изведени од оваа „класична“ култура на дваесет и првиот век.

  • Новата национална музичка институција се формира на иницијатица на Здружението на џез музичари и слободни уметници, кое со својот „Биг бенд“ во изминативе години постигна голем успех во земјата, во регионот и во Европа и со своите концерти пополни огромна празнина во овој дел на музичката култура, стои во дописот од Министерството за култура.

Преку оваа установа се негуваат талентираните џез музичари кои работат и кои се школуваат во земјава и им се овозможува траен и одржлив ангажман што ќе создаде услови тие да создадат врвни дела и да ја афирмираат џез културата, како и да ја популаризираат македонската џез музика.

  • Со оглед на празнината што државата ја има со непостоење на ревиски оркестар, оваа установа ќе се грижи за подобрување на музичката продукција, ќе се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, ќе организира џез фестивали и настани кои ќе помогнат во негување на џез културата на територијата на целата држава и ќе работи на сопствено вмрежување во меѓународни организации кои ја негуваат истата дејност, велат од министерството.

Оркестарот на Здружениеото на џез музичари и слободни уметници веќе се има докажано како врвен ансамбл кој е на ниво на светските стандарди, така што како Национална установа ќе продолжи во насока на ширење на концертната дејност, организирање работилници и други музички изведби со кои ќе настапува дома и во странство, а ќе продолжи со  вмрежување со европските и светски сродни институции, по практиката која веќе ја востанови.

Националната установа просторно ќе се смести во објектот на НУ Национална Филхармонија, а по потреба ќе го користи и музичко-сценскиот простор на НУ Национална опера и балет.

На вчерашната седница донесена е и одлука за формирање на Националната установа „Галерија на Гостивар“, во Гостивар,  чија основна дејност ќе биде музејска дејност, односно истражување, собирање, средување, стручно и научно обработување и презентирање на музејските материјали. Оваа установа ќе ја афирмира современата ликовна уметност, како одговор на потребата ликовната сцена во полошкиот регион да биде збогатена со стручна институција од областа на музејската дејност, се вели во дописот од ресорот Култура.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе