Култура

Дела од колекцијата на МСУ ќе бидат изложени во виенски Кунстхале

Во престижниот простор Кунстхале  во Виена, кој е дел од Музеум Квартиер – еден од најголемите европски културни центри, на 20 април ќе биде отворена изложбата „ Ни едно чувство не е конечно- Скопска колекција на солидарноста“.

  • За првпат, во Виена ќе биде претставена селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност – Скопје. Ова големо претставување е резултат на соработката помеѓу двете уметнички институции МСУ – Скопје и Кунстхале- Виена. Изложбата е курирана од уметничките директори на Кунстхале Виена, кураторскиот колектив What, How & for Who што го сочинуваат Ивет Ќурлин, Наташа Илиќ и Сабина Саболовиќ, велат од МСУ.

Кураторките поканија четири меѓународни современи уметници и едно уметничко дуо, кои добија задача да направат своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која ќе воспостават дијалог помеѓу делата на тие уметници и нивната авторска работа. Идејата е да се види како денес уметниците ја доживуваат оваа збирка, настаната преку светската солидарност.

  • Колекцијата на МСУ е како временска капсула во која е сочувана меѓународна уметност од најславните денови на модернизмот. Поканивме 6 уметници: Брук Ендру (Мелбурн), Јане Чаловски и Христина Иваноска (Скопје), Синиша Илиќ (Белград), Иман Иса (Берлин) и Ѓулсун Карамустафа (Истанбул). Секој од нив избра дела од колекцијата на МСУ и ги охрабривме да изложат свои дела, правејќи интимна врска помеѓу делата на големите уметници и нивната уметност. Она што е заедничко за овие уметници е нивниот посебен пристап кон препрочитување и преработка на историите на уметноста и општеството. Покрај нив ја поканивме и фотографката Елфи Семотан (Виена), која е позната по раскажување приказни преку фотографии. Таа направи фотографии од градскиот пејзаж на Скопје и МСУ. Дополнително, од писателката Барби Марковиќ (Виена), позната по остриот спој на фикцијата и социјалната реалност, побаравме да напише патопис за нејзиното искуство од соочувањето со сложените и слоевити истории на Скопје, велат од кураторскиот тим, “What, How & for Whom“.

Од вкупната уметничката колекција на МСУ, која брои над 5.500 дела, во Виена ќе бидат изложени 94 дела и околу 50 дела од современите уметници, вклучени во овој проект. Од колекцијата на МСУ, за Виена патуваат дела од: Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Јаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Кристо и Жана-Клод, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шеила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Гетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени и др.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе