Вести Забава Топ вести

Филмот „Сè наеднаш“, победник на 95 „Оскари“

Со освоени 7 оскари од 11 номинации, филмот „ Сè наеднаш“, на режисерскиот двоец  Даниел Кван и Даниел Шејнерт, е победник на 95 издание на американските фимски награди „ Оскар“, што се одржа ноќеска во Долби театарот во Холивуд. Покрај оскари за режија, оригинално сценарио и продукција, филмот кој зборува за емигрантка од Кина која поседува перална, а се соочува со проблеми со ќерката и со плаќање данок, беше награден и за споредна машка и женска улога , што ги понесоа Ки Хуи Куан и Џејми Ли Кертис, за монтажа и за главна женска улога.Мишел Јео е прва Азијатка која освои Оскар за главната женска улога во овој филм.Таа во поздравниот говор не го криеше воодушевувањето , охрабрувајќи ги колешките дека врвовите во кариерата немаат крај.

Ова е за сите момчиња и девојки кои гледаат вечерва, ова е светилник на надеж и можности. И дами, не дозволете никој да ви кажува дека сте го надминале својот врв, изјави јео по добивањето на наградата.

А, не помалку воодушевени на нејзиниот успех беа и блиските и обожувачите на актерката.

Мислам дека номинираните се навистина силни, но не се сомневавме. Постојано и велевме дека ќе победиш, тоа ќе ти го замислиме. Ќе застанеш на сцената со златниот човек. Таа ќе го добие. А таа рече: „Што и да се случи, ќе се случи, и сите ќе бидеме толку горди што сме овде, изјави нејзината внука вики јео.

Актерот Брендан Фрејзер доби Оскар во категоријата најдобра машка улога, за остварувањето во филмот „ Кит“, на режисерот Дарен Аронофски. Германската воена драма „На западот ништо ново“, освои четири оскари, а меѓу нив и оној за странски филм. „Пинокио“ на Гилјермо дел Торо е награден за најдобар долгометражен анимиран филм, а „Навални“ , за најдобар документарец.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе