Вести Култура Македонија Топ вести

Град Скопје доцни со резултатите за одобрените проекти за култура

Не стивнуваат реакциите околу доцнењето на резултатите од конкурот на Град Скопје за подршка на програми и проекти од областа на културата за оваа година. По реакциите на културни работници, ангажирани за проектот Скопје –Европска престолнина на културата , за неизвесноста во која се ставени околу организирањето на повеќе фестивали и манифестации, поради доцнењето на резултатите од конкурсот, алармираат и од Дирекцијата за култура и уметност.

Влеговме и во март, а Град Скопје се уште не ги објавил резултатите од ланскиот конкурс , за подршка на програми и проекти од културата, за оваа година, реагираат од Дирекцијата за култура и уметност. Од таму објаснуваат дека во минатото до крајот на февруари знаеле кои проекти и со колку средства ќе ги подржи Градот, а сега се ставени во неизвесност зашто не можат да се договорат со уметниците за настапите и условите под кои ќе настапат на фестивалите и манифестациите во нивна организација : „ Скопско лето“, „Блуз и соул фестивалот“, „ Есенски музички свечености“ и „ Денови на европско Скопје“.

  • Во секоја поодделна апликација се бараше да има и одредена согласност од уметниците кои што ќе учествуваат, понатаму се бараше согласност за обезбедените простори и ние сега креваме раменици, не можеме да се договориме со уметниците за да им кажеме кога ќе настапат, под кои услови и како тоа ќе се реализира – Никола Глигоров – директор на Дирекција за култура и уметност.

Од Дирекцијата се сомневаат дека објавата на резултатите за одобрените проекти од културата, од Градот доцни поради промената на системот на работа на комисиите кои ги оценуваат пристигнатите апликации. Го контактирале секторот за Култура при Градот, од каде им кажале дека се работи на апликациите, но не добиле одговор кога ќе ги видат резултатите.

  • Јас се јавив во Одделението за култура. Тие не можеа да ми дадат конкретни информации кога ќе излезат резултатите, кои проекти ќе бидат подржани – Никола Глигоров- директор на Дирекција за култура и уметност.

Дека Градот доцни со објавата на резултатите , на крајот на февруари реагираа со допис културни работници ангажирани на подготовката на проектот „Скопје Европска престолнина на културата -2028“.Тие кажаа дека Градот нема интерес и не е сериозен за проекти во културата и затоа апликациите ги става на последно место.

Иако побаравме, од Град Скопје останаа недостапни за одговори зошто се доцни со резултатите за одобрените проекти во културата и кога ќе бидат објавени. Лани , во првата година од мандатот на градоначалничката Арсовска, резултатите за одобрените проекти беа објавени дури во април. А, не беа земени предвид потпишаните договори со нејзиниот претходник Шилегов ,за двегодишна подршка на повеќе здруженија и поединци.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инаугурацијата на Силјановска Давковка во Собранието ќе се одржи утре напладне

Дејан Дејан

САД се длабоко загрижени поради законот за „странски агенти“ на Грузија

Дејан Дејан

Украински проектил погоди ресторан во Доњецк под руска контрола, тројца загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе