Uncategorized Вести Свет Топ вести

Градоначалникот на Благоевград: Напаѓачите на македонскиот клуб ќе добијат иста казна како и македонските цариници и полицајци кои малтретираа Бугари

Двајцата мажи кои ги приведе бугарската полиција во врска со каменувањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград биле вработени во општинското комунално претпријатие „Озеленување“. Заедно со нив се приведени и нивните сопруги, објави 24часа.бг.

Во изјава за порталот, градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов вели дека санкционирање на извршителите на делото е во надлежност на Судот, додека тој како работодавач може да преземе мерки кон двајцата вработени во комуналното претпријатие само согласно Кодексот за работни односи.

„Доколку се докаже вината на општинските службеници, ќе го применам принципот на реципроцитет на казните. Тоа значи дека ќе ги казнам оние кои се вработени во Општина Благоевград, со истата казна сo која што ќе бидат казнети цариниците, граничната полиција и другите функционери во Република Северна Македонија, што предизвика ментално и физичко насилство врз многу Бугари“, изјави Стојанов.

Тој нагласи дека веднаш ќе ги отпушти од работа двајцата вработени во комуналното претпријатие, во „моментот кога ќе бидат отпуштени вработените во Северна Македонија кои малтретираа бугарски граѓани“.

Како што јавија бугарските медиуми, полицијата во Благоевград вчера приведе четири лица, двајца мажи и две жени, во врска со вандалскиот чин врз Македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“.

Според медиумите, приведените, кои се на возраст од околу 40 години и кои немаат претходно криминално досие, го признале делото за кое се товарат.

Стаклото на излогот на Македонскиот културен клуб во Благоевград беше искршено со камења вечерта на 4 февруари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Најдоцна до 12 мај Собранието треба да ја прогласи Сиљановска Давкова за претседател, тогаш му истекува мандатот на Пендаровски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе