Вести Македонија Топ вести

Граѓаните се жалат од „Пошта“: Нарачала чевли преку „АлиЕкспрес“, од Кина ѝ рекле дека се стигнати во декември, во Пошта ѝ велеле „не се тука“

Граѓаните револтирани, се жалат дека пратките што ги чекаат преку пошта не стигнуваат, а и тие што ќе стигнат, се со многу задоцнет рок. Сметаат дека поштарите ги носат пратките само кога сакаат. Тие велат го користат модерното време и технологиите за да нарачаат разновидни и евтини производи од интернет, но наместо да ја добијат пратката, ги губат нервите и времето, обидувајќи се да дознаат каде заглавила и зошто не пристигнала пратката согласно рокот.

„Нарачав чевли од 4.000 денари од Кина преку „АлиЕкспрес“. Оттаму ми кажуваат дека уште од декември се во Македонија, а трипати доаѓав во пошта кај нас и ми кажуваат дека не се тука. Кога дојдов четвртиот пат и почнав да се расправам со нив ги пронајдоа чевлите“, вели револтирана граѓанка.

Потенцираат дека тој проблем се случува на долг рок и постојано се повторува. Вината ја бараат во македонските пошти и бараат надлежните да го решат овој проблем. Надлежните признаваат дека има мал недостаток на персонал и за тој проблем тие велат дека наоѓаат алтернативни решенија.

„Имаме голем број на старосна структура на вработени кои заминуваат во пензија, а имаме и одлив на вработени по основ отказ од работа на сопствено барање и тоа го решаваме со тоа што ангажираме договорни поштари кои извршуваат работни задачи“, вели Боро Велигденов, претседател на синдикатот на „Македонска пошта“.                        

Во врска со неодамнешните промени на услугите на цените надлежните велат дека тоа е согласно растот на инфлацијата. Инаку во октомври имаше протест на вработените од „Македонски пошти“ поради неисплатена плата за септември.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе