Балкан Вести Свет

(Фото) Протести во Тирана, граѓаните не сакаат зетот на Трамп да гради луксузен комплекс

Илјадници Албанци маршираа низ главниот град Тирана против проектот за развој на туризмот поврзан со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

На 10-тиo по ред протест, демонстрантите држеа транспаренти и извикуваа слогани против проектот за кој екологистите велат дека би можел да го оштети уникатниот екосистем и живеалиште на заштитената област Звернец-Нарта Лагуна.

Владата вели дека развојот би бил трансформативен, бидејќи се стреми да влезе на пазарот за луксузен туризам и се залага за членство во Европската Унија.

Револуцијата на Фламинго“ стана неофицијално име за тековните антивладини протести во Албанија, кои влегуваат во својот десетти ден. Митинзите привлекоа меѓународно внимание поради негодувањето што го изразија демонстрантите кон луксузниот проект за недвижнини поврзан со ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп, и неговиот зет, Џаред Кушнер. Инвестициската фирма на Кушнер, „Афинити партнерс“, е вклучена во потенцијален развој на островот Сазан во луксузен одморалиште вреден 1,6 милијарди долари, како и на блиските мочуришта во областа Вјоса-Нарта, информира репортер на АП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади врз Кувајт, Бахреин и Јордан по американските воздушни напади

Kristina Kuzmanovski

(Видео ) Ги криел под седиште пурите вредни четири илјади евра, царина му ги заплени

Kristina Kuzmanovski

КОД: Цената на следењето и прислушувањето, вредноста на посебните истражни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе