Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на Австралија опен. Српскиот тенисер во четвртфиналето го порази Андреј Рубљев со 6:1, 6:2, 6:4 и по јубилеен 10-ти пат ќе биде дел од големата четворка на воведниот гренд слем во сезоната.
Денешната победа во „Род Лејвер арена“ беше 26 во низа на Ѓоковиќ, со што се израмни по бројот на добиени натпревари во низа (26) со поранешниот американски тенисер, Андре Агаси.
Ривал на Ѓоковиќ во полуфиналето во сабота ќе биде Американецот Томи Пол, кој во четвртфиналето го елиминира сонародникот Бен Шелтон со 7:6, 6:3, 5:7, 6:4.
