Македонската машка ракометна репрезентација загуби и од Аргентина со 26:35 (полувреме 11:18) и со три порази заврши на последното место во групата Ф во прелиминарната фаза на Светското ракометно првенство во Полска и Шведска.
Националниот тим се сели од Краков во Плоцк и ќе разигрува за пласман од 25-то до 32-то место на мундијалот. Прв нареден ривал на македонските ракометари ќе биде Алжир на 19 јануари од 15:30 часот.
Потенцијални ривали на „црвено-жолтите“ во групата 2 во утешниот Президент куп се и селекциите на Мароко или САД од групата Г и Тунис или Белгија од групата Х.
