Вести Македонија Наука и здравје

ФОТО: Нова трансплантација на црн дроб- донатор на органи е жена во клиничка смрт

Рано утрово на Хируршките клиники  започна експлантацијата на органите, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање.

– Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива, соопштија од Министерството за здравство.

-Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.

Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.

– Не радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот, рече министерот.

Во ноември, за првпат во Македонија беше извршена трансплантација на црн дроб, а 60-годишниот пациент кој доби нов орган, беше пуштен и дома ја дочека Новата година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Студенти во август и во септември ќе се вклучат во работата на општините

Дејан Дејан

СДСМ: Игор Ивановски „Шема“, поради своите шеми, не го споменува Мицкоски

Дејан Дејан

Осомничен за кражби во црква и џамии – приведен тинејџер од Тетово

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе