Вести Емисии Код Македонија

КОД: Мијалков, Груевски, актуелен пратеник со градежни парцели, конфискации- мени на американскиот тим за санкции кои ги „вознемирија“ заспаните македонски институции

Според информациите на КОД, тимот во државата стигнал кон крајот на ноември, има два искусни члена за следење на листите за санкции и потенцијалните кандидати за американски црни финансиски листи.

Логистичка поддршка има од амбасадата на САД, а конкретна-теренска од дипломатски претставник за владеење на правото и стучна помош. Тимот е дел од од OFAC односно канцеларија за контрола на странски имот.

Канцеларијата OFAC e дел од американското министерство за финансии и има за цел да го следи спроведувањето на санкциите кои американската администрација ги има воведено кон лица и кон компании. Станува збор за финансиски санкции, забрани за трансакции кон и од лицата ставени на оваа листа, како и забрани за влез во САД или за отварање фирми таму.

Случајот со Мијалков бил интересен поради пресудената конфискација на околу 36 милиони евра имот. Но се проверува и начинот како е стигнато до спогодбата со обвинителството и како апелациониот суд поништи пресуда за корупцијата во случајот Трезор со што на Мијалков му е укината 8-годишна затворска казна.

Целта е да не се дозволи неказнивост на високите функционери. Но според информациите на КОД, проверка на досието Мијалков веќе е завршена.

Целата емисија на наредниот линк, а текстот продолжува по видеото.

Покрај во предметот Империја, интерес за американските стручни лица веќе неколку години предизвикува и неуспешната конфискација на Трансмет односно случајот Труст.

Новодојдениот тим за санкции по чешлањето на досието Мијалков се префрлил и на актуелен избран функционер на директни избори. Се испитуваат повеќе зделки со државно земјиште во Скопје, земиште купувано шреку фирма на овој долгогодишен функционер и политичар кој во моментот е во владеачката структура.

Тој е првиот од актуелните функционери и е далеку од портир од приказните на Бујар Османи. За истиот случај за актуелниот пратеник за кој се интересираат американците веќе има активна предистрага, а се прави и финансиско вештачење за парите употребени за тој проект на откупување на државно земјиште.

Миомир Серафиновиќ

Во КОД вечерва (недела 11.12.2022.) и за патувањето на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши во странство со истиот мерцедес за кој МВР изрече прекршок на анонимен скопјанец.

Интервју со Миша Поповиќ од Институтот за демократија кој зборува за ниската политичко-партиска  волја во борбата против корупцијата.

Во КОД и приказна за спорото судство за смртта на една мајка, која загинала на пешачки премин во обид да стигне до своето мало дете.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе