Популарната WhatsApp апликација на Мета (фирма истотака сопственик на Фејсбук и на Инстаграм) е една од најпопуларните современи конуникациски алатки која се фали и со соспстен систем за крипто-заштита.
Но на познат хакерски форум на 16-ти ноември се појави оглас со кој на продажба се нудат податоци за околу 533 милиони профили на WhatsApp кои се поврзани со телефонските броеви на сопствениците.
Специјализираниот веб медиум cybernews.com ги проверил информациите и тврди дека понудата на хакерот е точна и дека апликацијата и корисниците биле жртва на успешен сајбер напад. Компанијата Мета не дала коментар на нивните откритија.
Cybernews го објави и “распоредот” на државите каде има најмногу украдени податоци. Најмбогу украдени податоци има од Египет (45 милиони), Италија (35 милиони), САД (32 милиони), Саудиска Арабија (29 милиони). Голем број на украдени податоци има и од Велика Британија, Турција, Русија, Франција и Германија.
Имало и разлика во цената, податоци за американски сет на WhatsApp податоци се продавале за 7 илјади долари, британски податоци за 2.500 долари, а германските биле 2 илјади американски долари.
На листата која ја објави Cybernews ги има наведено сите 84 држави од кои се украдени податоци на WhatsApp, но иако ги има сите балкански држави на списокот, Македонија ја нема.
И во другите истражувања на Cybernews за протекувања на податоци од социјални мрежи и комуникациски апликации, меѓу кои и хакерски напади, како например за ланските хакерски кражби на податоци од фејсбук корисници ја нема Макесонија како држава од каде се крадени податоци.
Украдените информации најчесто може да се користат за smishing (испраќање смс и пораки од познати фирми за услуги и попусти) и vishing (телефонски повици или говорни пораки кои се испраќаат при што се бараат лични и банкарски податоци) напади.
Препораката е сите оние кои на WhatsApp или телефон добиваат пораки или повици од непознати броеви, да внимаваат при комуникацијата и воопшто да не ги отвараат таквите пораки.