Вести Најважни Свет

Постигнат договор за 120 дневно продолжување на договорот за жито во Црното Море

Украинското Министерство за инфраструктура денеска соопшти дека е постигнат договор за 120 дена продолжување на иницијативата за извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа.

Оваа одлука штотуку беше донесена во Истанбул. Обединетите нации и Турција остануваат гаранти на иницијативата, се вели во соопштението.

Првичниот договор постигнат во јули помогна да се избегне глобална криза со храна со тоа што дозволи извоз на храна и ѓубрива од неколку украински пристаништа на Црното Море блокирани од Русија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе