Вести Македонија Најважни

„Висат“ милионските фактури за струја над Клинички, сметката на заеднички служби е блокирана

Како клиниките накалемија долг од околу 7 милиони евра за струја, дали и кога истиот ќе се плати од здравство ниту денеска не добивме конкретни одговори. Од таму нè информираа дека остануваат на вчерашниот допис, во кои стои дека се преговара, струја ќе има, а со замена на прозорците и чистење на климите ќе штеделе на енергија. Нема одговори ниту од финансии дали и кога би обезбедиле екстра пари за да се платат фактурите, иако од Владата ветија дека мора и ќе се најде решение. Во долгот од околу 7 милиони евра влегуваат сметки и од ГОБ „8 септември“. Но,  поголемата сума отпаѓа на „Мајка Тереза“.

Во меѓувреме сметката на заеднички служби на клинички е блокирана. Со тоа уште повеќе се отежнува подмирувањето на долгот за струја. Од таму за Телма велат дека тие често пати се блокирани. Сметаат дека мора да се најде начин да се измени оваа системска грешка.

„Како клиниките префрлаат пари кај, нас така истите се префрлаат кон добавувачите. Имаме  околу 200 добавувачи по разни основи, најмногу се за медицински потрошен материјал и за комунални услуго. Заеднички служби немаат свој буџет, се финансираат исклучиво од клинките. Често нашите сметки се блокирани и клиниката и да пуштила пари за струја некој друг добавувач пркеу извршител ќе ги повлече. Сите овие години никој не најде начин да ја исправи оваа системска грешка и да не се доведуваме во вакви ситуации“, велат  за Телма.

Долгот стои, а од ЕВН за Телма соопштија дека тие како компанијата ќе ги искористат сите законски механизми кои им стојат на располагање за да си ги наплатат парите.

Според правилникот на РКЕ, иако станува збор за објекти кои се од големо значење, ако фактурите не се плаќаат и нема гаранции и болниците може да останат без струја.

Освен  клиниките, долг кон ЕВН имаат и другите државни институции и претставува сериозна закана за енергетскиот сектор во услови на оваа голема енергетска криза и најпроблематичната зима.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Британија го зголемува военото присуство во Естонија

Tea Dimkovska

Хутите подготвени да го затворат теснецот Баб ел-Мандеб доколку САД нападне иранска енергетска инфраструктура

Tea Dimkovska

Протести во Киев по смената на министерот за одбрана

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе