Најважни Свет

Уапсената жена осомничена за терористичкиот напад во Истанбул е од Сирија

Турската полиција ја уапси жената осомничена дека ја поставила бомбата во Истанбул во вчерашниот терористички напад во кој загинаа шест лица. Покрај нејзе досега приведени се уште 21 лице. Според министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, Анкара ја разбрала пораката која терористите сакале да ја испратат со нападот и им вети дека жестоко ќе одговори. Вчерашниот терористички напад во Истанбул ги потсети Турците на периодот од 2015 до 2017 година кога беа извршени низа бомбашки напади од страна на курдските милитанти и Исламската држава со повеќе од 500 жртви.

  • Се бориме против терористите на планините. Се бориме преку границите. Се бориме во градовите за да спречите повеќе терористички напади. Ќе пропуштиме еден, и ќе платиме висока цена за животите кои ги загубивме како народ, како држава.“, изјави Сулејман Сојлу – Министер за внатрешни работи на Турција

Како што соопшти Сојлу жената која ја подметна бомбата, е државјанка на Сирија, и таа признала дека наредбата ја добила од Кобане, градот во кој е седиштето на сириски огранок на Курдската работничка партија. Тој исто така упати и жестоки критики за земјите кои не ги екстрадираат лицата кои Турција ги смета за терористи, а тука особено ја посочи улогата на САД, за чија порака на сочувство со жртвите смета дека е исто кога убиецот се враќа на местото на убиството.

  • Оние кои ни глумат пријатели, кои ги кријат терористите во своите држави, или им дозволуваат да живеат во областите коиг и окупираат, таму каде што владеат. Неискреноста на нашите т.н сојузници, кои и официјално им испраќаат пари преку нивните сенати, е очигледна. Според информациите до кои стигнавме, одговорноста е на терористичките организации Курдска работничка партија и Демократска унија.“, изјави Сојлу.

Иако е членка на НАТО односите на Турција со многу од северноатлантските сојузници се тензични, а тие тензии се продлабочија со избивањето на граѓанската војна во Сирија. И Турција, и САД Курдската работничка партија ја сметаат за терористичка организација, но САД, и покрај жестокото противење на Анкара, ги помагаше курдските милитантни организации во нивната борба против режимот на Асад.

Во вчерашниот напад беа повредени 81 лице, на денешниот брифинг Сојлу соопшти дека 50 од нив веќе се пуштени на домашно лекување, додека пет лица се на интензивна нега, а две од нив сѐ уште се во животна опасност.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одреден притвор за осомничените за убиството на Трповски

Kristina Kuzmanovski

Новиот граничен систем на ЕУ се збунува од идентични близнаци

Kristina Kuzmanovski

ЕУ и Украина со договор за заедничко производство на оружје

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе