Вести Економија

Каде завршиле парите за сметките за струја на Клинички?

Кој е виновен, зошто  три години не се плаќале сметките за струја и каде завршиле парите  кои биле планирани за тоа , министерството за здравство парцијално одговори на прашањата од Телма, со  посочување дека проблемот ќе се реши, на клиниките струја ќе има.  Наместо да се утврди одговорност, од  здравство  на конкретни прашања доставија информации.  Дека  се дадени  насоки  за штедење, а во мерките за тоа стои и редовно да  се  менуваат филтрите  на клима уредите, старите прозорци да се заменат со нови.  Но, во одговорот  нема ниту збор каде настанал проблемот  за клинички да накалеми долг од 7 милиони  евра за електрична енергија.

Во соработка со Владата и Министерство за финансии се преземаат мерки  да се обезбедат средства за непречено функционирање на Клиничкиот центар. Како што и претходно информираше министерот, здравствените установи ќе бидат обезбедени со доволни количини електрична енергија колку што е потребно за надминување на оваа криза, без разлика на долговите кои се создадени години наназад, со цел континуитет во пружањето здравствени услуги што е приоритет. Во координација со здравствените установи, има план и дадени се насоки до сите јавни здравствени установи кој се однесува на сетот препораки и задолженија за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија. Дел од мерките се однесуваат на користењето на осветлување, редовно менување на филтрите на клима уредите, замена на стари прозорци со енергетско ефикасни, итн, Велат од здравство. 

Како што веќе објави Телма клинички освен што има долг од 7 милиони евра, нема доставено ниту банкарска гаранција. Од ЕВН  потврдија дека клинички е еден од најголемите должници . Водени од правилникот на РКЕ побарале тие да ја достават и гаранцијата, но до сега компанијата не ја добила. Од таму јасно наведуваат дека,  ако не ја  достават за  период од еден месец, според правилникот за снабдување   скопските клиники  може да останат  без електрична енергија.

Во правилнкикот стои дека и покрај тоа што станува збор за објект кој е од големо значење , ако фактурите не се плаќаат и немаа гаранција и  на болниците може да им се исклучи струјата.

Освен клинички центар,  на ЕВН и должат и други државни инситуции. Нивниот вкупен долг достидгна  до 40 милиони евра, и  станува сериозна  закана за енергетскиот сектор во услови на најголемата криза и најпроблематичната зима. Инаку , со прогласувањето на кризната состојба,  државата има на располагање екстра пари   од буџетот за обезбедување на енергетска ефикасност.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе