Вести Македонија Најважни

Јавачот Онишченко заведен во македонскиот избирачки список, осомничен и за проституција

Никој никогаш не го видел. Сите слушнале за него по написите за скандалот со доделениот пасош, но Олександр Онишченко не живеел на овој мирен крак на улицата Пржино, ниту пак бил забележан од комшиите. Адресата во ова жолта куќа веќе му е заведена во избирачкиот список и на наредните избори, Онишченко може и да гласа на избирачко место во општина Кисела Вода. Не само на избирачкиот список, името на Онишченко може да се најде на американската црна листа. Затоа што со лажни монтажи на разговори се обидел да влијае на последните американски избори во полза на Трамп. Во едно аудио дури измонтирал дека победникот на изборите во САД, актуелниот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Петро Порошенко уште во 2016-та разговарале токму за него.

Видеото е објавено на Youtube каналот Temida, кој објавувал анти-бајден содржини само во пресрет на изборите во САД пред две години. Станува збор за изманипулирани и монтирани разговори кои биле дел од дезинформациската војна која што руски приврзаници ја воделе во корист на Доналд Трамп. Онишченко поради ваквите монтажи заработува место на црната листа поради попречеување на демократијата, а две години подоцна Владата во Скопје му доделува еквестријан државјанство. Агенцијата за национална безбедност оценила дека Онишченко не е безбедносна закана за најмладата членка на НАТО. Иако со обична проверка на Гугл излегуваат сомнежи и истраги за кривични дела, корупција, ширење дезинформации, па дури и проституција на избори за МИС и за убавина кои тој ги поседувал. Но, вработените во АНБ или дознале за што го гонат Онишченко во Украина и САД па замижале од некоја причина или пак воопшто не ги нашле податоците за контроверзниот Украинец.  И двете грешки се скандалозни, а од АНБ досега не дадоа објаснување за пропустот. Два дена не ни враќа одговор на пораките и повиците ниту доиректорот на АНБ Виктор Димовски кој се спрема за амбасадорската позиција во Франција. Сопственикот на куќата каде наводно во Скопје живее јавачот Онишченко ни отвори и ни рече дека многу грешиме за човек кој носи медали за Македонија. Ни рече дека неговите синови само му помогнале поради спортот и дека Онишченко никогаш не живеел на адресата. За сите обвинувања за корупција и незаконски дела, македонскиот домаќин ни одговори : „од каде вие знаете дека е така, Ви кажале американците“.

Но сомнежите за кривични дела на Онишченко ги има насекаде по интернет. Покрај корупција со препродажба на руско/украински гас, и мешање во американски избори, Онишченко бил и претставник на Ривера капитал, контроверзна, веќе згсаната фирма од Панама пејперс. Преку таа фирма дури се переле и пари од продажба на хероин. Едно од обвинувањата за македонскиот еквестријан јавач се и дека откупил два избори за Мис на Украина, преку кои се одвивал синџир на проституција со млади девојки во арапските држави.

Во Македонија пак стигнал како јавач, талент во години кој Македонија требало да ја претставува на наредната Олимпијада во спортот еквестријан. На денешниот натпревар со коњички скокови на пречки, спорт кој одеднаш предизвикува најголемо национално внимание и покрај ракометарките на Европско, Онишченко го немаше. Млади јавачи и јавачки ги прескокнуваа пречките и ги поделија медалите во спортот со благородните животни, дисциплина која беше искористена за последниот огромен државен скандал.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе