Кој е виновен за клинички центар да се доведе пред исклучување на струјата? По три години молк за проблемот со неплаќање на сметките и наталожен долг од 7 милиони евра, Владата се размрда и вети дека мора и ќе најде решение за да се подмири овој долг . Но останувата отворени многу прашања, зошто сметките до сега не се плаќале и каде се парите кои биле планирани за тоа. Ако евентулано дојде до исклучување на електричната енергија на скопските клиники, илајдници животи на пациетите би биле загрозени. Сепак, владаат велат нивна обвска е да обезбедат здрвтвена грижа за граѓаните и непречено функционирање на клинички.
Тлема вчера објави дека клинички освен што има долг од 7 милиони евра, нема доставено ниту банкарска гаранција. Од ЕВН потврдија дека клинички е еден од најголемите должници . Водени од правилникот на РКЕ побарале тие да ја достават и гаранцијата, но до сега компанијата не ја добила. Од таму јасно наведуваат дека, ако не ја достават за период од еден месец, според правилникот за снабдување клинички може да остане без струја.
Во правилнкикот стои дека и покрај тоа што станува збор за објект кој е од големо значење , ако фактурите не се плаќаат и немаа гаранција и на болниците може да им се исклучи струјата.
Освен клинички центар, на ЕВН и должат и други државни инситуции. Нивниот вкупен долг достидгна до 40 милиони евра, и станува сериозна закана за енергетскиот сектор во услови на најголемата криза и најпроблематичната зима. Инаку , со прогласувањето на кризната состојба, државата има на располагање екстра пари од буџетот за обезбедување на енергетска ефикасност.
Ирена Чачкова
