Вести Најважни Свет

(Видео) Терористички напад во Брисел- почина полицаецот кој беше прободен во вратот со нож, другиот е ранет

Белгиски полицаец синоќа им подлегна на повредите по напад со нож во близина на железничката станица во Брисел, а инцидентот го истражува Федералното обвинителство задолжено за случаите на тероризам, јави Скај Њуз.

Белгиското федерално обвинителство соопшти дека двајца полицајци биле цел на инцидент во близина на северната станица во Брисел. Претставник на судот изјави дека постои „сомнение за терористички напад“.

  • Го презедовме случајот бидејќи постои сомневање за терористички мотив за нападот, што ќе биде утврдено во истрагата, изјави за француските медиуми Ерик Ван Дујсе, портпарол на белгиското Федерално обвинителство.

Според белгиските медиуми, полицаецот бил прободен со нож во вратот, а мотивот за нападот се уште не е утврден. Осомничениот, кој бил ранет од друг полицаец, бил уапсен и пренесен во болница. Цел на нападот биле двајца полицајци. Едниот им подлегнал на повредите, а другиот е ранет.

Според информациите на различни медиуми, мажот извикал „Алаху Акбар“, но оваа информација се уште не е официјално потврдена од обвинителството. Напаѓачот е убиен, јавија локалните медиуми. Тој наводно бил застрелан во нозете и стомакот.

Нападот се случи синоќа околу 19:15 часот по средноевропско време во бриселската општина Шаербек, во областа Гаре ду Норд.

Локалните медиуми јавуваат дека наоаѓачот претходно вчера вил приведен во полициската станица во Евере каде се заканил дека ќе ги убие полицајците. Потоа бил сослушан и ослободен.

Во рамките на истрагата беа затворени неколку улици, а градоначалникот на Брисел Филип Клоус го коментираше нападот: „Ужасна драма вечерва во Брисел. Се солидаризираме со полицијата. Полицијата не штити, но и таа мора да биде заштитена. Моите мисли се со семејствата и нивните колеги“.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе