Украински политичар, кој фигурира на листата на санкции на САД, во Македонија добил државјанство како истакнат спортист кој се натпреварува како македонски репрезентативец во коњички скокови, открива prizma.mk.
Олесандр Онишченко во октомври се натпреварувал под македонското знаме, а во Сен Тропе го освоил седмото место. Лицето имало и руско државјанство и со тоа аплицирало пред македонските институции.
Ваквиот украински и меѓународен имиџ на новиот македонски државјанин не бил пречка за македонската влада без дискусија на седница одржана на 31 мај во 2022 година да му даде македонски документи.
Ваквиот украински и меѓународен имиџ на новиот македонски државјанин не бил пречка за македонската влада без дискусија на седница одржана на 31 мај 2022 да му даде македонски документи.

Во портфолиото на новиот македонски државјанин стои дека од 2016 година кога бил пратеник избел од Украина откако тамошната антикорупциска отворила истрага за него за перење пари.
Шпанија пак одлучува да го екстрадира во 2019 година но тој ги претркал и тамошните власти и пребегал во Германија.
Под санкции на САД е од 2021 година по што поднесува и барање за македонско дрџавјанство. Од сликите на инстаграм може да се забележи дека е во друштво познати личности од светскиот џет сет.
Целиот текст може да го прочитате на prizma.mk.
