Вести Македонија Најважни

Камбовски: Новиот шеф на ОЈО ГОКК доследно да се држи до законот

Академик Владо Камбовски во однос на изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) смета дека доколку се утврди како негативно искуство актуелниот избор на шеф на ова обвинителство, тогаш ќе треба да се допрецизираат критериумите за избор и понатаму да се развиваат.

– Новоизбраниот шеф на ОЈО ГОКК, не знам како е избран, но му препорачувам доследно да се држи до законот, бидејќи како што видовме во поранешни случаи, доаѓа време на одговорност не само на политичка, туку и казнена, кривична одговорност на се повисоки скалила на вршење на државните функции, изјави денеска академик Камбовски.

Со отворањето на преговорите за членство во ЕУ, посочува Камбовски, сите институции ќе бидат сериозно опсервирани дали ја извршуваат својата функција или не.

– За мене е важно човекот што е избран законито и совесно да си ја врши својата функција зашто сите институции во наредниот период ќе бидат сериозно опсервирани дали ја остваруваат својата функција на законит начин или не. Конечно треба да се разбере дека доаѓа крајот на политичката арбитрарност, на бесот на политичките партии и арогантноста, наметнување на кадровски и какви било други решенија без да се исполнат критериумите за квалитет, потенцира Камбовски.

Додаде дека се подготвува нова страртегија за реформа на судскиот систем и сите овие прашања ќе бидат опфатени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе