Вести Македонија Најважни

Касами: Ја одбивме поканата, премиерот сака со лидерска средба да ја спасува ДУИ

Претседателот на Движењето БЕСА Биљал Касами на прес-конференција во седиштето на партијата во Скопје денеска информира дека нема да учествува на лидерската средба свикана од премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски во Собранието, бидејќи како што рече „таа е формалност за да се спаси ДУИ и ја игра улогата на спасител на ДУИ“.

– Таа средба е формалност за да се спаси ДУИ од обврската да седне на маса со претставниците на албанските партии, на која претставникот на ДУИ требаше да даде отчет за реализација за преземените обврски со договорот, во кој, како услов беше вклучување на албанскиот јазик во Уставот на земјата, рече Касами.

Касами потенцира дека Движењето БЕСА секогаш останува отворена и подготвена на соочување преку дијалог да ги реши прашањата за правата на народите кои се од витално значење и меѓународно загарантирани.

-Повторуваме дека немаме дилеми во интегративните ориентации, но нема да дозволиме албанскиот народ да биде третиран со понижување во Уставот на државата. Ние сме државотворен народ и како такви ќе мора да бидеме третирани и почитувани од законите во државата, рече Касами.

Во однос на иницираната средба од Движењето БЕСА до сите албански политички партии, Касами рече дека ниту една од партиите не одговорила позитивно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе