Вести Македонија Најважни

Мицкоски повтори дека нема уставни измени без гаранции дека Бугарија нема да го кочи процесот и загрозува македонскиот идентитет

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во понеделник ќе седне на заедничка маса со лидерите на другите парламентарни партии.

Лидерската средба ја нарече театар за јавноста во гломазен состав.

Од таму не очекува да произлезат решенија за проблемите на граѓаните .

„ВМРО-ДПМНЕ е одговорна и државотворна партија и да, еве објавувам, дека ќе присуствувам на таква средба затоа што имаме ставови и сме подготвени да ги браниме насекаде во светот. Ќе дојдам на лидерската средба, ќе кажам јасно и гласно, не преку соопштенија или штури брифинзи преку какви владата ја најавува оваа средба, дека најреалната причина за која една лидерска средба би имала содржина се разговор за реалните проблеми на народот кој е гладен, а чиј излез, знаеме и тука ние и целата јавност, се предвремени парламентарни избори“ – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски намерите на власта за лидерска биле ако не присуствува на средба на која ќе се зборува за евроинтеграции, партијата да биде обвинета  дека е антиевропска а доколку оди, да се зборува дека е подготвен да гласа за уставните измени.

Тој и денеска рече – без гаранции за нашата европска иднина, заштитени од идни условувања од Бугарија, уставни измени нема да има

„Повторувам јасни гаранции за европска иднина на Македонија каде што нема Бугарија да има можности да го кочи тој процес, без такви јасни гаранции за македонскиот идентитет, македонскиот јазик, уставни измени нема да има. Тоа треба секој да го знае“ рече Мицкоски.

Одлуката за учество на лидерската по неколку дневно тактизирање ја објави на политичкиот саем Промените кои носат иднина на кој градоначлниците  од редовите  вмро дпмне викендов  презентираат што сработиле изминатите 365 дена.

Објави дека проектите кои градоначалниците ги започнале или реализирале тежат 120 милиони евра.

Пред една година во победничките резултати на опозицијата влегуваше и Град Скопје.

Денес Данела Арсовска повеќе не е дел од градоначалничкиот тим за кој Мицкоски неколку пати кажа дека е задоволен од постигнатото.

Рече дека прашање било одбрана на принципите и ставот да не се изигра довербата на граѓаните  како што тоа лесно го направила градоначалничката. Ветивме работа, наместо неспособност, ветивме резултати наместо стагнација, додаде лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Од СДСМ, политичкиот саем на опозицијата го нарекоа партиски панаѓур на кој градоначалниците даваат отчет пред шпицниот градоначалник Мицкоски.

За оваа една година граѓаните не видоа ниту еден нов капитален проект, ниту едно решение, ниту помош во време на криза реагираа од владеачката партија.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кос: Северна Македонија треба да го промени Уставот за да напредува во пристапувањето кон ЕУ

Дејан Дејан

Која е втората истрага за тајните служби во Македонија

Дејан Дејан

Македонија ќе бара помош од САД во поглед на евроинтеграциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе