Вести Македонија Најважни

Ланци на маркети, мобилни оператори и казина меѓу големите потрошувачи кои црпат од струјата за домаќинствата и малите потрошувачи

Ланци на големи маркети, мобилни оператори, повеќе осигурителни компании, казина, познати аптеки, градежни фирми, речиси сите општини, градски паркинг… Ова се само дел од оние 12.000 потрошувачи кои црпат струја наменета за домаќинствата.

Овие потрошувачи за да ги скусат своите трошоци за електрична енергија, најдоа најразнични начини да се префрлат на регулираниот пазар и од тука да ја добиваат, затоа што на отворениот пазар, од каде што треба да се снабдуваат, таа е поскапа. Од регулиран пазар, по прaвило, струја треба да се испорачува за граѓаните и за малите потрошувачи.

За ваквите префрлувања, Регулаторна неколкупати предупреди дека со таквата пракса може да се направи голем сериозен дисбаланс во системот, но и да се направи притисок врз цената на струјата за домаќинствата, односно таа да се зголеми. Првиот регулатор вчера во интервју за Телма рече дека е свесен дека општините имаат зголемени трошоци за струја, но дека мора да поработат и на подобрување на ефикасноста во работењето, а не само да барата помош.

Префрлувањето од отворен на регулиран пазар почна уште во март годинава. По сите предупредувања надлежните одлучија сите тие 12.000 на кои не им е местото на регулиран пазар, да си најдат снабдувач и од први декември да се вратат на отворен пазар.

Инаку, од 1 јануари следната година граѓаните и без да се покачи цената на струјата ќе добијат за 5 отсто повисоки сметки поради зголемувањето на ДДВ-то за струја од сегашните 5 на 10 отсто. Сепак, од Регулаторната комисија за енергетика уверуваат дека ќе се искористат сите механизми за да нема нов скок.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АХВ: Нови жаришта на сипаници кај овци и кози

Kristina Kuzmanovski

Ослободителна пресуда за Латас, обвинителот се откажал од обвинението за ,,Тотал”

Kristina Kuzmanovski

Ревизија: Паркинзи Центар должи 86 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе