Вести Македонија Најважни

Бугарското МНР загрижено по изгласаните измени на Законот за здруженија во македонското собрание

Додека тече тримесечниот рок за измени на имињата на бугарските здружение формирани во Македонија бугарското МНР се јави со соопштение во кое изразува загриженоат по изгласаните измени на Законот за здруженија во македонското собрание, велат дека со измените ќе се ограничи правото на здружување на Бугарите во Македонија. А Консултативното тело формирани во Скопје ќе врши интерпретацијата на историските личности и настани базиран исклучиво на доминантната официјална интерпретација во Македонија, што пак е нема да ја деблокира работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

Бугарското МНР изразува силна и сериозна загриженост по изгласаните измени на Законот за здруженија и Законот за политички партии во македонското собрание. Целта е велат дискриминаторско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Македонија, што е пак повод за еднострано толкување на историските факти.

Потсетуваат и на забраната на организацијата „Радко“ во 2001-та. Сметаат дека „Консултативното тело“ на Министерството за правда ќе врши еднострана интерпретација на дадено име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност. Овој пристап, пишува во соопштението на бугарското МНР значи  неподготвеноста да се деблокира работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

  • МНР на Бугарија: Посебен проблем е одлуката на Собранието на Северна Македонија воопшто да не го вклучи комунизмот како тоталитарна и репресивна идеологија во спроведувањето на усвоените измени. Сè уште нема законска мерка или механизам за рехабилитација и обештетување на убиените и повредените за време на комунистичкиот режим во поранешна СР Македонија, прогонувани и репресирани исклучиво поради нивниот бугарски идентитет.

Министерството за надворешни на Бугарија оценува дека овие законски измени го попречуваат ефективно и сеопфатно спроведување на Договорот за добрососедство. Ги повикуваат македонските власти во духот на стратегијата „Едно општество за сите“ да обезбеди услови за претставниците на етничките заедници да ја задржат и развиваат својата култура, идентитет и традиција.

Во средата пратениците во македонското собрание едногласно ги донесоа законските измени   кои забрануваат имиња, програми и активности поврзани со фашизам или ширење национална и верска омраза, со што ја стопираа можноста здруженија и партии да се нарекуваат Ванчо Михајлов, Цар Борис Трети, Цар Фердинанд и слично. Оние кои се веќе формирани треба да направат промени во рок од три месеци за да не бидат избришани од Централниот регистар.

Собранието едногласно го усвои законот за здруженија и организации – стоп за „Цар Фердинанд“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Sasko Dimovski

Зајкова во Телма интервју: Електронското гласање е спин за да не се направи една изборна единица и да не се воведат отворени листи

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе