Вести Македонија Најважни

Обвинителството не нашло поврзаност на уапсениот Николовски со заканите за бомби по првичното вештачење на неговите компјутери

Полицијата првин го уапсила Никола Николовски, па дури потоа го известила обвинителот кој ја води истрагата за лажните закани за поставени бомби во скопските средни училишта. Обвинителството во одговорот за Телма вели дека „првичните вештачења не покажаа поврзаност на лицето со испратените пораки.“

Никола Николовски по десетчасовен распит е пуштен откако беше уапсен во рамки на полициската истрага. Поради делото, предметот е во надлежност на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

-Откако лицето од страна на СВР Скопје било лишено од слобода, известен е јавен обвинител кој во интерес на ефективно постапување, веднаш до судијата на претходна постапка  доставил барање за претрес на домот на лицето и одземање на електронските уреди од кои потенцијално би можеле да бидат испратени пораките. Во текот на измината вечер  по напатствија на јавниот обвинител се извршени сите неопходни дејствија со цел да нема дополнително задржување на лицето. Со оглед дека првичните вештачења не покажаа поврзаност на лицето со испратените пораки, лицето по извршениот распит е пуштено на слобода., одговорија од обвинителството.

По ослободување преку своите профили на социјалните мрежи Николовски изјави дека иако е невин поради МВР преживеал јавен линч за нешто што не го сторил.

-Ниту имам мотив, ниту потреба да вознемирувам цели фамилии со „дојавите за бомба во средните училишта“. Очигледно некому му пречи мојата работа со профилот „Боемот“, моите сфаќања, ставови, бескомпромисност во борбата за подобро утре, независноста од политиката и слободната мисла, потенцира Николовски, кој е автор на текстови во conservative и водач на млади конзервативци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе