Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Молк од бугарските здруженија: Дали ќе ги сменат спорните имиња или ќе чекаат да бидат избришани од Регистарот?

Молк од двете бугарски здруженија во земјава дали ќе ги сменат спорните имиња „Цар Борис Трети“ и „Ванчо Михајлов“ или ќе чекаат да бидат избришани од Централниот регистар три месеци откако ќе стапи на сила законот кој вчера беше изгласан во Собранието, а со кој се забрануваат имиња поврзани со фашизам или ширење национална и верска омраза.

Љубчо Георгиевски, од културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, во телефонски разговор ни рече дека не сака да коментира ништо поврзано со законот ниту откри кои ќе бидат следните чекори на здружението.

„Немам коментир. Уште немаме донесено став. Кога ќе имаме одлука ќе ве известиме“, ни изјави Љубчо Георгиевски, претседател на Културен центар „Иван Михајлов“

Одговор не добивме ниту од првиот човек на бугарското здружение „Цар Борис Трети“ кое беше отворено минатиот месец во Охрид .

Но, ставот на бугарските здруженија може да се види на нивните ФБ профили преку постовите што ги објавуваат. Во еден од нив, посветен на донесниот закон, пишува – „Во име на политичкиот рејтинг беше поткопана иднината на државата“.

Борба пред домашните судови но тужба против Македонија во судот во Стразбур. Ова за бугарските медиуми, го најавија македонските Бугари кои се обидоа да го регистрираат здружението „Цар Фердинанд“ од Богданци, но ад-хок телото даде негативно мислење за името.

ЕСЧП досега има донесено повеќе од 10 пресуди против Бугарија за кршење на правото на слободно здружување на Македонците, кои не се спроведуваат.

Вчера пратениците од сите партии едногласно одлучија да ги стопираат организациите, здруженијата и фондациите кои носат имиња на лица поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и Третиот рајх. Оние кои се веќе формирани треба да направат промени во рок од три месеци за да не бидат избришани од Централниот регистар.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе